Полицијата растури криминален семеен бизнис - детали за акцијата во Куманово
Голема полициска акција утринава го стресе Куманово. Како што дозна Пресс24, се работи за голема група која се занимавала со разни кривични дела, почнувајќи од недозволена трговија со дрога, лихва, па и перење пари.
Според информациите од полицијата, се работи за 13 лица, сите од едно семејство, кои се приведени во денешната голема полициска акција под сомнение за сторен сериозен криминал, шверц со дрога, оружје, изнуди, перење пари, лихварство. Криминалната група работела од 2004 година, и вршела брутални кривични дела со чија помош се стекнувала со огромна противправна имотна корист. Семејството поседувало голем имот во Куманово, а голем дел од имотот го стекнале со препродавање хероин во Швајцарија.
Во тек се претреси на нивни објекти и домови, но и на други лица за кои се верува дека можеби се дел од криминалната група.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа