Хорор на скопските улици: Камион прегази 4-годишно детенце

 

 Во текот на изминатите 24 часа, на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди.

Четири од нив се со последица материјална штета, четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила и тројца сопатници во возилата и една незгода е со последица тешка телесна повреда.

Сообраќајката се случила вчера во 16:10 часот на улица „Еден“, во село Љубин, општина Сарај, во која учествувале камион „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје и пешак – дете на возраст од четири години кое се здобило со тешки телесни повреди.

Сообраќајната полиција вчера исклучила 12 возила поради утврдена неисправност на системот за стопирање, системот за управување или, пак, на пневматиците. Канети се и 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, четири возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, пет возачи кои ги управувале своите возила со истек на важноста на сообраќајната дозвола и тројца возачи кои се исклучени од сообраќај поради управување на возилата под дејство на алкохол.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ на подрачјето на општина Кисела Вода.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

12.03.2014 - 08:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега