Започна пријавувањето за програмата Фулбрајт - еве кои се критериумите

 

Министерството за образование и наука соопшти дека почна пријавувањето за студентската програма Фулбрајт за академската 2015/2016 година.

Кандидатите кои се заинтересирани за заедничка програма на Стејт Департментот на САД и Владата на Република Македонија која е наменета за постдипломски студии, треба да имаат диплома или да се зпаишани на постдипломски, да имаат познавање на англискиот јазик, да се граѓани на Република Македонија и/или да имаат дозвола за траен престој во Република Македонија.

- Во пријавата треба да биде доставен и образец за пријавување, детална изјава за предложената активност, детална биографија, три препораки, фотокопија од пасош, фотокопија од стекнат научен степен, односно копија од диплома за додипломски или магистерски студии или писмо со кое се потврдува дека кандидатот е запишан на докторски студии, како и копија на овие документи на англиски јазик, потврда за работен однос доколку кандидатот е вработен, информира МОН.

Пријавите се пополнуваат на англиски јазик и се поднесуваат електронски на адресата  https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/. Повеќе информации за пријавување за  студентската програма Фулбрајт,  како и обрасци за пријавување, заинтересираните може да најдат на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на линковите:

http://macedonia.usembassy.gov/archives/archive-2014/fsc2015-16.html

https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/    или

http://fulbright.state.gov .

Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2014 година.

11.03.2014 - 15:42
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега