Аризанов:Очекуваме да стартува исплатата на грозјето
Околу 32 отсто од грозјето откупено минатата година е исплатено, а бидејќи последниот законски рок за исплата на родот на лозјата обран лани е крајот на април, во секој момент очекуваме да стартува ударниот шпиц во исплатата на грозјето, изјави денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари од Кавадарци.
Аризанов истакна дека некои од винариите целосно го имаат платено откупеното грозје на лозарите, некои половина, но има и такви кои имаат исплатено само околу 30 проценти од долговите кон производителите на грозје.
- Се надеваме дека винарите ќе го почитуваат крајниот рок за исплата на откупеното грозје оти во спротивно ќе се соочат со одземање на нивната лиценца за работа, рече Аризанов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа