Трибина за промовирање на мерките за вработување на младите
Секцијата на млади во Сојузот на синдикати на Македонија денеска организираше трибина на која претставници од Министерството за труд и социјална политика ги промовираа новите мерки за поттикнување на вработување на младите лица.
Претседателот на млади во ССМ, Лидија Наскоска, појасни дека Сојузот на синдикати посебно секцијата на млади дава приоритет на борбата против невработеноста: -И покрај тоа што во моментов е намалена невработеноста за 10 проценти, сепак во групата на невработени, голем процент зафаќаат младите. Од тие причини, за секцијата за млади при ССМ е од големо значење реализацијата на пакетот на мерки кои одат во насока на потикнување на вработувањето за младите, рече Наскоска.
Според неа ова е почеток на една кампања што ќе ја води секцијата на млади во Сојузот на синдикати на Македонија низ повеќе градови во државава каде заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе реализира повеќе активности преку кои ќе се овозможи младите луѓе да влезат во процесот на реализација.
Новите мерките кои ќе им се презентираат на младите се однесуваат на вработување кај познат работодавач, мерката за практиканство и мерката за самовработување, а ќе опфатата 40.000 млади невработени до 29 години кои се наоѓаат на евиденција на Агенцијата за вработување, од кои 20.000 се активни баратели на работа а останатите се изјасниле дека се пасивни баратели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа