Шеесет стипендии за студии во Русија за македонските студенти

 

Руската федерација доделува 60 стипендии за македонски студенти за додипломски, магистерски, специјалистички и докторски студии. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

- Станува збор за стипендии кои ќе се доделуваат во технички области, односно на техничките универзитети и факултети на Руската федерација, области на технолошко - металуршкиот развој, во кои се инвестира и унапредува во Република Македонија, како што се развојот на гасот, електроенергетскиот сектор, математиката и физиката. За нас е многу значајно што ќе бидат стипендирани да студираат во едни од најквалитетните универзитети во овие области, бидејќи Русија има сериозен квалитативен показател во однос на овие технички струки на вкупно образовно ниво, рече Ристовски кој очекува голем интерес.

11.03.2014 - 13:40
Фото: 
дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега