ФОТО: Кинескиот амбасадор Цуј Џивеи на проштална средба кај Вељаноски

 

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска го прими на проштална средба кинескиот амбасадор. Двајцата соговорници изразиле задоволство од средбата и од досегашната успешна соработка меѓу двете земји.

Вељаноски истакнал дека Република Македонија во НР Кина гледа голем пријател, земја која секогаш излегува во пресрет на нашата држава и нејзините граѓани.

Амбасадорот Џивеи искажал големо задоволство што во својот мандат во Република Македонија успеал да реализира неколку значајни проекти. Како особено значајни биле истакнати проектите за изградба на автопатот Миладиновци - Штип и автопатот Кичево - Охрид кои се приоритетни инфраструктурни проекти за македонската Влада, а се реализираат преку соработка и поддршка на кинеската Влада. Исто така, значајна е соработката на двете земји на повеќе полиња како што се трговската размена, здравството и соработката на локално ниво.садор Цуј Џивеи. Двајцата соговорници 

 

11.03.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега