Македонија на 37. место по електронска економија
Министерот за информатичко општество и админситрација Иво Ивановски, денеска беше дел од втората конференција за современ маркетинг во Македонија. За време на конференцијата ивановски истакна дека Македонија по електронската економија или е-БДП е рангирана на 37то место од вкупно 65 анализирани земји, според „Бостон консалтинг груп“.
-На самата студија беа презентирани 65 земји и можеше да се види дека оние земји коишто се наоѓаат во најнапредната група, односно каде што нема фрикција и каде што нема отпор за развојот на интернетот, електронската економија или е-БДП е двапати поголема од оние земји кои што имаат висок коефициент на е-фрикција, истакна министерот.
Според него, Македонија најголем напредок бележи во инфраструктурата и се наоѓа на 27 место.
-Инфраструктурата е основен двигател на интернетот, за нас ова е голем успех и ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, ќе продолжиме да ги подобруваме можностите за приватниот сектор да инвестира во инфраструктурата, за да можат граѓаните на Република Македонија активно да бидат вклучени во новото дигитално време, а со тоа да им се овозможи на малите и средните компании поактивно да присуствуваат во рекламирањето преку интернет, рече Ивановски.
На конференција за современ маркетинг во Македонија присуствуваа и претседателот на стопански комори Саша Огненовски, а свои предавања и работилници имаа Давид Гојо, стратег за развој во Google Adriatic од Даблин и Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick - Словенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа