Министерот Попоски во работна посета на Берлин

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, утре ќе престојува во работна посета на Берлин.

За време на посетата министерот Попоски ќе оствари средба со својот колега Франк Валтер Штајнмајер, а потоа ќе има обраќање во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Како што соопштува МНР, министерот за надворешни работи утре ќе има и одделни средби со повеќе германски пратеници од редовите на Социјал-демократската партија и Христијанско-демократската унија, како и со советниците за надворешни работи и за европски прашања на германската канцеларка Ангела Меркел.

11.03.2014 - 10:21
Фото: 
влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега