На кој јазик ќе пее Тијана на Евровизија?

 

Одлуката е донесена. Тијана Дапчевиќ ќе ја престави Македонија на Евровизија со англиската верзија на евровизиската песна,- „To the sky".

-Намерно оставивме малку простор пред да ја донесеме конечната одлука, но навистина сме задоволни со изборот. Многу поголем е процентот на оние коишто ја преферираат англиската верзија. Публиката се изјасни самата, вели шефот на Македонската Евровизиска делегација, Мери Попова во интервју за емисијата Стисни Плеј на МРТ.

Евровизиската песна со која Тијана ќе настапи во Копенхаген, Данска, до крајот на месецот ќе добие и официјален видео запис. По завршувањето на средбата на шефови на делегации во Копенхаген на 15. март, ќе стартува и промотивната турнеја на Тијана Дапчевиќ. Предвидено е учество на Македонија на најголемиот предевровизиски промотивен настан, Eurovision in concert и на Лондонската евровизиска забава.

Инаку, интересно е што Македонија е избрана меѓу седумте земји, кои ќе имаат задача да и помогне на Белгија да го избере својот претставник на Евровизија.

 

09.03.2014 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега