Анкета: Светот ќе биде подобро место за живеење ако повеќето политичари се жени

 

Најголемиот дел од македонските граѓани, светот ќе биде подобро место за живеење доколку жените би биле одговорни за политичките прашања.

Во анкета на Брима галуп дури 39 проценти од испитаниците се изјасниле дека светот ќе биде подобро место за живеење доколку жените би биле одговорни за политичките прашања, 35 проценти сметаат дека ќе биде исто, а 19 проценти полошо.

Според истражувањето, во Македонија е присутна родовата пристрасност. Така Нето скорот на мажите по ова прашање изнесува 0 проценти, а кај жените е други 41 отсто. (Нето скорот се одредува кога процентот на позитивните одговори ќе се одземат од процентот на негативните одговори).

Истражувањето во Македонија е направено во ноември 2013 година  на репрезентативен примерот од 1.214 испитаници на возраст од над 15 години.

Резултатите од истражувањето во светот покажуваат дека 41 процент сметаат дека нема да има разлика, 34 проценти од испитаниците веруваат дека светот во целина ќе биде подобро место за живеење ако политичарите се претежно жени, а 17 проценти дека ќе биде полошо место.

08.03.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега