Грците збеснаа: Ен-Би-Си во репортажа не нарече Македонија

 

“Од Бразил до Македонија – карневалите запалија разнобојни прослави”, е насловот на фото репортажата на еден од највлијателните светски медиуми Ен Би Си, кој ги разгневи Грците.

“Ен Би Си провоцира – ‘ФИРОМ’ ја нарече Македонија”, е насловот под кој порталот Брифингњуз гневно го коментира фактот што во репортажата на Ен Би Си пишува Македонци и Македонија, пренесува Нетпрес.

Овој весник не е единствениот, и Иефимерида пишува дека една од “најпрестижните телевизиски мрежи во светот, Ен Би Си” решила да не нарекува едноставно Македонија, иако меѓународната заедница наводно решила дека нашето официјално име ќе било поранешна југословенска Република Македонија.

Утеха за Грците е тоа што во текстот под фотографијата од Струмичкиот карневал стоело дека градот се наоѓа во пјР Македонија, но на авторот на репортажата му замерија што “и овде повторно направил промена” и не нарекол Македонци.

04.03.2014 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега