Ивановски и Самак во посета на кампусот на Google во Силиконската долина
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска заедно со министерот без ресор, Веле Самак, ќе го посетат кампусот на Google во Силиконската долина, како и компанијата за електрични автомобили Тесла Моторс и ќе остварат средба со еден од основачите на компанијата Мindtree.
Средбата со претставниците на Mindree, како што информира Министерството за информатичко општество, произлегува од интересот што извршниот директор на компанијата го покажал за бизнис поволностите во Македонија на средбата што министерот Ивановски ја имал во јануари годинава во Индија.
Двајцата министри се во неколкудневна посета на САД каде ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа