Беровски арамии краделе што им дојде при рака

 

Двајца беровчани си заработија кривична пријава за сторени 12 кривични дела од кои 10 тешки кражби и две кражби. 

Станува збор за лицата Б.М. 33 и Е.А. 29 кои во периодот од 2011 до февруари 2014 година, во Берово, со употреба на физичка сила и погоден алат успеале да извршат тешки кражби во фирми, куќи, викенд куќи, продавници, трафостаници, возила од каде одзеле електромотори, бакарни алати, акумулатори, техничка стока, радијатори, сообраќајни знаци, моторна пила, прехранбени производи и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.403.150 денари.

28.02.2014 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега