Страотна сообраќајка: Загинааа три лица на патот Скопје - Тетово
Три лица ги загубија животите околу 16 часот на автопатот од Тетово кон Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, имало судир помеѓу возило „опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус.
-Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош, се вели во првичната информација од СВР Тетово.
Јавен обвинител, противпожарни екипи и полиција се на местото на настанот за спроведување на увидот. Од СВР Тетово најавија подетални информации откако ќе биде документиран случајот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа