Глумеше во „Бетмен“ и „Рамбо“, познатиот актер пронајден мртов на плажа

 

Израелскиот актер Алон Абутбул почина на 60-годишна возраст, а неговото безживотно тело беше пронајдено на плажата Хабоним на северот од Израел.

Алон го играше д-р Павел во филмот „The Dark Knight Rises“, последниот филм на Кристофер Нолан за Бетмен.

Во вторник наутро, тој пливал на плажата ХаБоним во Тел Авив кога излегол од морето,а потоа наеднаш се срушил.

Иако лекарите се обиделе да го реанимираат еден час, на крај можеле само да ја констатираат смртта.

Покрај филмот за Бетмен, тој глумеше и во неколку израелски филмови и во „Рамбо III“. Се појави и во популарната ТВ серија „Snowfall“, во која глуми и актерот Дамсон Идрис.

Неодамна, Алон се појави во серијата „The German“ како Амос Шапира во осум епизоди и го позајми гласот на серијата „Pantheon“. Тој се појави и во серијата „FBI: International“, како и во гостински улоги во сериите „Hawaii Five-0“, „NCIS: Los Angeles“ и „Lost and Found“.

31.07.2025 - 19:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега