Од 3 март терапијата за мултиплекс склероза еднаш на три месеци
Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова, во интервју за МИА, изјавува дека пациентите со мултиплекс склероза од понеделник со само една посета на Клиниката за неврологија ќе можат да подигнуваат тримесечна терапија.
Таа посочува дека се планира и зголемување на квалитетот на протези и ортопедски помагала наменети за телесно инвалидизирани лица.
- Ова се однесува за ортопедските помагала со индивудуална изработка, со цел да обезбедиме повисок квалитет на самите помагала, како што се вештачки раце и нозе. Тоа планираме да го направиме во соработка со ортопедските куќи и Националниот сојуз на телесно инвалидизирани лица. Набрзо нашите осигуреници ќе можат електронски да го остварат правото на ортопедско помагало, без доаѓање во подрачните служби, истакнува Парнарџиева Змејкова за МИА.
Змејкова најавува и некои нови ортопедски помагала на постоечката листа, како и замена на веќе нефункционалните помагала од постоечката листа со нови и модерни кои се веќе во употреба.
- Многу работи менуваме, ама вистинската промена треба да се случи кај секој од нас. Треба да престанеме да чекаме и да станеме одговорни за себе, да бидеме проактивни, посебно во врска со нашето здравје. Умеење е како да научите да ги подобрувате работите за кои сте во можност да влијаете. Искрено се надевам дека е тоа и формулација на нашиот организациски дух во Фондот кој го негуваме-посветено да работиме на подобрување на состојбата во здравството, да ги олеснуваме административните процедури каде е тоа во наша надлежност и е можно, додава Парнарџиева Змејкова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа