Започна судењето за Претседавач - Шиповиќ ги отфрли обвиненијата

 

Во Основниот Суд Скопје 1 започна судскиот процес за случајот Претседавач, во кој првосомничен е претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

Шиповиќ денеска во судот изјави дека не е виновен и ги отфрли обвинувањата. Изјави дека одлуката за продажбата на лагерите била донесена пред тој да стане претседател на УО на „Машинопромет“. Шиповиќ денеска во своја одбрана истакна дека ниту направил штета од 17 милиони денари, нитуприбавил корист од 64 милиони денари, туку напротив, дека „Машинопромет“ двапати додека бил претседател на Управниот одбор бил спасен од стечај.

За потсетување, претседавачот на Советот на општина Центар се товари за злоупотреба на службената положба и овластување во времето кога бил претседател на Управен одбор на „Машинопромет“  односно криминал тежок милион евра.

27.02.2014 - 16:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега