Симпкинс: Крајно време е ЕУ и НАТО да ги отворат вратите за Македонија

 

Австралискиот пратеник Лук Симпкинс повика на брз прием на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

- Пред 10 години претседателот на Република Македонија Борис Трајковски загина во авионска несреќа во густите магли во југоисточна Босна. Претседателот ќе остане запаметен со предводењето на мировниот договор помогнат од НАТО во 2001 година, со кој се спречи вооружените судири со етничките албански герилци на границата со Косово да се претворат во полна граѓанска војна. Британскиот министер за надворешни работи тогаш Џек Стро рече дека благодарение на напорите на Трајковски, Македонија цврсто оди на патот на евро-атланската интеграција. Таа изјава беше дадена во 2004 година. Најголема трагедија за народот на Република Македонија е што Европа и НАТО не дозволија нејзин прием. На 10-тата годишнина од загинувањето на претседателот Траковски, крајно време е Европа и НАТО да ја примат Македонија, пишува во пораката на пратеникот Симпкинс.

Инаку, Симпкинс е пратеник на владејачката Либерална партија на Австралија од изборната единица Кован во Западна Австралија и е силен поддржувач на Република Македонија во оваа земја.

27.02.2014 - 09:56
Фото: 
плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега