Тодоров: Засега има успешна имплементација на проектот „рурален доктор“
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска при посетата на Здравствениот дом во Крушево обелодени дека пет пункта опфатени со пилот проектот „рурален доктор“ се поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Проектот „рурален доктор“ официјално почнува од 1 март.
Проектот засега се спроведува успешно, а целта е да се опфатат сите населени места каде нема лекар.
Тодоров посочи дека лекар и медицинска сестра секој ден се на различен пункт и вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом.
- Овој е пилот-период за проектот „рурален доктор“ и очекуваме со законските измени официјално да профункционира од 1 март. Во земјава има 1.227 населени места без лекар и овој проект многу ќе им олесни на луѓето да не патуваат за секој преглед, рече Тодоров.
Тој денеска ги посети и крушевското село Пресил, каде е поставен еден од петте пунктови во општината опфатени со пилот-проектот „рурален доктор“, како и Здравствениот дом во Демир Хисар и Психијатриската болница, каде се информираше за состојбите и потребите на тие здравствени установи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа