21 семејство од Штип ги доби решенијата за вселување во социјалните станови
Деведесет и едно семејство кои добија станови во новата социјална зграда во штипската населба „Сењак“ денеска ги добија решенијата за вселување, јавува МИА.
Директорот на регионалната подружница на Акционерското друштво за стопансување со станбен и деловен простор, Томе Биновски посочи дека 91 семејство пред една година по електронски пат добија социјални станови во зградата во населбата „Сењак“.
- Еве денеска ги потпишувам 91 решение, кои се конечни, со што новите станари ќе можат да се вселат. Сите жалбени постапки завршија и имаме зелено светло и од Антикорупцикска комија, вели Биновски. Тој рече дека се очекува в петок семејствата од социјално ранливите категории да ги добијат и клучевите од становите, со што ќе можат да се вселат во своите домови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа