ДИК извршил надополнување на Општинските изборни комисии

 

Државната изборна комисија веќе изврши надополнување на Општинските изборни комисии со 36 нови претседатели, заменици и членови, така што тие се целосно екипирани за активностите за Изборите за претседател на Република Македонија на 13 април 2014 година.

Ова се истакнува во реакцијата од ДИК на денешната прес-конференција на Граѓанската асоцијација МОСТ, во делот кој се однесува на активностите на Државната изборна комисија и наводното непочитување на роковите.  

- Согласно утврдениот Роковник за претстојните претседателски избори, Државната изборна комисија на својата интернет страница од 16 февруари 2014 година го стави на јавен увид Избирачкиот список на граѓани во сите 3.480 избирачки места, вклучително и на новоотворените 504 избирачки места, се посочува во рекацијата од ДИК.

Државната изборна комисија, се нагласува, ги спроведува секојдневните предизборни активности строго придржувајжи се кон Роковникот за извршување на изборните дејствија за Изборите за претседател на Република Македонија

19.02.2014 - 17:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега