Грипот зема замав во Велес - најголем број заболени од почетокот на годинава

 

Во текот на изминатата недела во Велес се регистрирани 164 заболени од грип, што е најголем број заболени од почетокот на годинава.

Епидемиологот Билјана Трајкова истакна дека иако најголемиот број заболени 119, се во старосната група од 15 до 64 годишна возраст, загрижувачки е  тоа што за разлика од преходните недели кога во старосната група до 4 години имаше заболени само три - четири деца, сега нивниот број се искачи на 19 деца.

Доктор Трајкова апелира до сите граѓани со симптоми на грип веднаш да се јават кај своите матични лекари и да ја добијат соодветната терапија.

Инаку во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес во текот на јануари годинава  биле регистрирани 230 заболени од грип, а за само две и пол недели од февруари бројот е зголемен и изнесува 282 заболени. 

19.02.2014 - 16:30
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега