Милошоски: Посетата на Венизелос ќе биде како рамка без слика
Пратеникот Антонио Милошоски денеска за претстојната посета на Венизелос во СКопје изјави дека не е небитна, но ќе биде како рамка без слика бидејќи грчкиот парадокс и хипокризија кон евроинтеграциите се состои во тоа што за ЕУ и преспективите за интегрирање во Република Македонија ќе говори претставникот на земјата која ги блокира тие европски преспективи.
- Сметам дека господинот Венизелос многу добро ја знае состојбата во регионот и исто така е искусен политичар којшто во услови на голем пад на неговата партија не би направил нешто што можеби дел од македонската јавност или ДУИ го очекува во овој момент. Секој што очекува премногу од посетата на Венизелос ќе биде разочаран следниот ден после неговото заминување, изјави Милошоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ДУИ, чиј лидер ќе се сретне со Венизелос, и работи зад грб на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со номинацијата за кандидат за шеф на државата на престојните избори, уште еднаш го повтори ставот на неговата партија дека одлуката за кандидатот за претседател на државата во ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесат делегатите на конвенција закажана за 1 март.
- Во моментов ВМРО-ДПМНЕ не расправала и нема одлука за предвремени парламентарни избори и таквата одлука би завислеа од дејствувањето и позицијата на сите политички чинители во Република Македонија, без разлика дали се дел од владејачката коалиција или се дел од опозицијата, изјави Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа