Венизелос вечерва пристигнува во Скопје

 

Шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, вечерва пристигнува во Скопје.

Венизелос вечерва со автомобил од Приштина треба да пристиге во Скопје, а за утре е предвидено да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Претходно Венизелос беше во посета на Србија.

19.02.2014 - 10:45
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега