Девет сообраќајки тројца повредени - се пролеа крв на скопските улици

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои во три со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден возач на моторно возило.

Сообраќајната полиција извршила увид на уште една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден биле казнети 17 пешаци кои преминале вон обележан пешачки премин, четворица пешаци кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци за пешаци и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Сообраќајната полиција казнила идвајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и шест возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 79 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Ѓорче Петров“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

12.02.2014 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега