„Би сакала да имав рак на градите“ - кампања која шокираше многумина

 

Дваесет и петгодишната девојка Кери Харви боледува од рак на  панкреас и чувствува силни болки. Докторите дури во февруари 2013 и дијагностицирале рак на панкреасот. Сега и превидуваат уште смо 4 или 5 месеци живот. Таа беше мета на голем број негативни коментари откако се приклучи на кампањата за борба против ракот.

 „Би сакала да имав рак на градите“ изјваи девојката, која многумина ги шокираше со ова.

- Знам дка вознемирив многу луѓе со тоа што го реков, но точно е. Ако имав рак на дојката наместо на панкреасот, речиси сум сигурна дека немаше сега да умирам. Наместо тоа, ми предвидуваат 4 до 5 месеци живот. Не се каам што го реков тоа јавно. Не велам дека е лесно да се борите со ракот на дојка, но ќе имав шанса да се борам и да преживеам. Во последно време се појавија грутки на мојата глава и во градите и знам дека за мене нема враќање , вели 25 годишната девојка.

10.02.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега