Бени Шакири повторно стана татко
Пејачот Бен Шакири денеска стана по втор пат татко. Денеска сопругата на Бени се породи со царски рез и на свет донесе машко дете.
Бебето е во одлична здравствен состојба, а мајката се чувствува добро и возбудено, со оглед на тоа дека била будна и свесна во текот на царскиот рез и го видела синчето непосредно по раѓањето, пренесува „Вистина.мк“.
Бени и Лиса го имаат двегодишниот Мик, кој своето име го доби по легендарниот пејач на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, а исто така, „мик“ на албански значи пријател.
Честитки до семејството Шакири!
05.02.2014 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа