Погрешни проценки во маршутата и слетувањето го урнале „Кингерот“ на Трајковски?

 

Шефот на комисијата која повторно ја отвори истрагата за падот на претседателскиот „Кингер“, Омер Кулиќ, денеска ја напушти земјава. Комисијата ја затврои истрагата, но, ќе бидат потребни уште 60-90 дена дополнително проучување, бидејќи комисијата работи според т.н. Шеило методологија.

КОмисијата ќе се обрати и до босанските цивилни возфухопловни власти од каде ќе бараат информација кој одлучил да се промени постапката за слетување на “Кингерот“. Од францускиот контингент во СФОР, пак, ќе се побара и досието за постапката за летање.

Истрагатае доставена до Агенцијата за цивилно воздухопловство и до Службата за заеднички работи во македонската Влада.

 

Според информациите до кои стигна МРТ, станувало збор за системски и индивидуални грешки, погрешни проценки во маршутата и слетувањето на авионот. Истрагата, објавува МРТ, утврдила дека во претходната истрага биле направени многу грешки.

05.02.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега