Џастин Бибер остана без пари - крадци му ја украле заработката од концертот
Крадци со посебна опрема успеале да влезат во обезбедената соба на Џастин Бибер во Јоханесбург и да му ја однесат заработката од неговиот последен концерт.
Покрај парите кои ги украле од продадените карти за концертот во Јужна Африка, крадците ја украле и заработката на Бибер.
Според полицијата крадците во собата влегле преку покривот и така ги земале парите.
Засега не е познати кој ја извршил кражбата бидејќи полицијата сеуште трага по сторителите.