Мајка ќе одговара кривично: Го терала детето да питачи на Табановце
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 22-годишната Д.Р. од Куманово, поради сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според официјалните информации од МВР, мајката, од користољубиви побуди и со сериозно занемарување на своите родителски обврски, го запоставила своето дете и го поттикнувала да питачи.
Инцидентот се случил на 10 април 2025 година, кога пријавената го однела детето на Граничниот премин Табановце.
14.05.2025 - 22:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа