Наскоро ќе се возиме во најсовремени возови

 

Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, денеска истакна дека започна набавката на вагони кои ќе го подобрат железничкиот сообраќај во Македонија. 

Веќе е склучен договор а набавката на 150 товарни вагони, а првата испорака се очекува во јули, додека сите вагони ќе пристигнат во Македонија до крајот на оваа година.

Во март ќе биде потпишан договор за набавка на 4 дизел локомотиви и 2 на електричен погон, вреден 23 милиони евра.

28.01.2014 - 13:01
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега