Извршителка од Битола оштетила сограѓанка за 6.000.000 денари
Битолчанка си заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба.
Се работи за 44-годишната Н.И. од Битола, извршител за подрачјето на Битола и Ресен која добила налог од Еуростандард банка АД Скопје за продажба на куќа што Љ.С. од Битола ја ставила под залог како гаранција за исплата на кредит подигнат од фирма соспственост на нејзиниот син.
По ова, Н.И. прифатила полномошно со невистинити податоци од сопругот на Љ.С. дека истиот е овластен да ја застапува во постапката за извршување, а потоа Н.И. без да ја извести, односно без знаење на Љ.С. ја продала куќата, оштетувајќи ја за 6.717.000 денари.