Митески: Општина Аеродром активно работи на подобрување на животната средина

 

Дејан Митески, в.д градоначалник на општина Аеродром беше гостин во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Тој истакна дека во општина Аеродром активно се работи на подобрување на животната средина и создавање нови простори за рекреација, особено за најмладите и повозрасните. Митески дополни дека во Горно Лисиче ќе биде уреден нов парк со 3000 м2, а паралелно се обновуваат и детските игралишта низ општината, заменувајќи стари и оштетени реквизити, што е дел од континуираната иницијатива за подобрување на јавните простори.

,,Станува збор за парк во Горно Лисиче на површина 3000 м2, на место кое што беше долги години една неуредена депонија, односно имаше и градежен шут и отпад. Завршено е со чистење на депонијата се работи на рамнење на теренот на уредување, ќе започнеме наскоро и поставување на патеки детско игралиште, фонтана, клупи, урбана опрема“, вели Митески.

Тој истакна дека Горно Лисиче ќе добие ново убаво катче за рекреација и дружба на жителите, што е особено значајно бидејќи во тој дел на општината има многу малку уредени простори. Според Митески, ова е идеално решение за потребите на општината.

,,Горно Лисиче ќе добие уште едно убаво катче каде што ќе може жителите од тој дел на општината да се рекреираат и дружат. Имајќи предвид дека во тој дел на општината има многу малце такви уредени катчиња, сметавме дека ова е вистинското нешто ко што можевме да го направиме за тој дел од општината“, рече Митески.

Митески нагласи дека во општина Аеродром се поставуваат 15 нови детски игралишта со комплетна нова опрема, заменувајќи стари и оштетени реквизити. Тој додаде дека процесот на обновување е континуиран и се спроведува заради дотраеност и неправилно користење на игралиштата.

,,Паралелно работиме во моментов на поставување на 15 нови детски игралишта, со комплетна нова урбана опрема, нови играчки за деца. Замена на дотраени оштетени, имајќи предвид дека во општина Аердором има повеќе од 60 детски игралишта и се распространети на целокупната територија на општината. Ова е комплетна замена, вадење на старите реквизити и поставување на нови реквизити. Санирањето го завршивме кон крајот на минатата година, меѓутоа тоа е еден жив процес кој што постојано има потреба од причина што се оштетуваат од неправилно користење, од дотраеност и разни причини. Тоа е процес кој што трае во континуитет“, кажа Митески.

13.06.2025 - 20:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега