Ристовски: Со 108 милиони денари ќе ја поддржиме научно- истражувачката дејност
Годинава МОН со 108 милиони денариќе ја поддржи научно-истражувачката дејност. Како што денеска информира министерот за образование и наука, Спиро Ристовскипосебен акцент ќе биде ставен на младите.
-Со 77 милони денари, практично со најголем дел од средствата ќе се поддржи научно-истражувачкиот кадар со посебен акцент на младите кои се интерсираат во оваа област, затоа што нивното вклучување во научно-истражувачката работа превентивно делува на „одливот на мозоци“ од државата, истакна министерот.
Ќе се стипендираат студентите од втор и трет циклус во земјата и странство, а ќе се финансира и престојот на постдипломците и универзитетските професори од земјата во рамките на ЦЕЕПУС програмата.
Ресорниот министер очекува и зголемен интерес и активна вклученост на сите општествени чинители кои делуваат на полето на науката и истражувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа