ИВЗ апелира: Да не се оди во Сирија!

 

 

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, коментирајќи го загинувањето на дваесет и две годишниот скопјанец Алим Османи во Сирија, истакнува дека феноменот на учество на македонски државајни во војната во Сирија не може да се контролира.

- Покритието е тоа, дека се солидаризираат со сирискиот народ кој сака да се ослободи од една невидена диктатура што се применува во Сирија, но веројатно има и сомнителни работи во тоа. Дали има поинаков мотив или интерес, тоа е веќе друга работа, можеме да претпоставуваме, меѓутоа не сме сигурни, оти не располагаме со факти и аргументи, изјави Реџепи за Радио Слободна Европа. Тој не верува дека од верски побуди македонските државјани учествуваат во војната, бидејќи тогаш не би криеле дека заминале во Сирија и ниту еден од нив не се консултирал со ИВЗ.

Според него, пораката уште од почетокот е јасна бидејќи таму се прави меѓубратски терор. - Не знам дали има сега поента да и се помогне на една страна на штета на другата страна, вели поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Повеќе за смртта на младиот Скопјанец во Сирија прочитајте ТУКА.

15.01.2014 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега