ВМРО-ДПМНЕ го честита Божик

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска им го честита големиот празник, Рожденство Христово, Божиќ на сите православни христијани.

-Празничните денови нека донесат радост, топлина и спокој во секој дом. Во овие празнични мигови да се присетиме на христијанските вредности на милосрдие, љубов, хуманост и толеранција кон нашите ближни, кон пријателите и нашите соседи. Светлоста на Божиќ нека биде водилка на секој од нас на нашиот пат кон личниот успех и среќа. Успехот на поединецот е и успех на државата. Нека е честит и вековит празникот Рожденство Христово, Божиќ, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

07.01.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа