Промоција на нови книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Промоција на нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ ќе се одржи денеска во Порта Македонија, на која ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Станува збор за капитален проект на Владата, со кој првпат се овозможи на македонски јазик да бидат преведени книжевни творби кои се од исклучително значење за светската литература.
Едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ опфаќа вкупно 560 наслови од сите жанрови и периоди од развојот на литературата.
05.01.2014 - 12:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа