Александар избоден до смрт среде парк и оставен во локва крв - Жена и деца сведоци на хоророт во Србија

 

Хорор ја потресе Србија и целиот регион кога кај Коњарник во Белград, група напаѓачи го претепале и прободеле до смрт Александар С. (34). 

Телото на несреќниот маж било пронајдено вчера околу 13 часот и 40 минути, во локва крв. Сведоците опишуваат дека жртвата била бркана од четворица напаѓачи, трчал меѓу станбени згради, а потоа го стигнале на паркинг и физички го нападнале. Му нанеле повеќе смртоносни повреди, а потоа избегале.

- „Нашата соседка беше таму со своите деца, си играа. Одеднаш, покрај неа, истрча еден млад човек, а по него следеше група млади мажи. Беше облеан во крв, го стигнаа пред зградата и почнаа да го бодат со нож. Жената избегала со децата и повикала полиција и брза помош. Дојдоа брзо, но немаше начин да го спасат“, вели сведок за српските медиуми.

На некои 200 до 300 метри од местото каде се случило злосторството, седеле неколку мажи во паркот. На тоа место останале скршени стакла и флаши...Според сведоците изгледа таму почнала кавгата за која засега мотивите не се познати и бркотницата, која завршила крваво.

Станарите се во шок, велат дека тоа е мирно место, мирен крај и не паметат ваков злочин и трагедија.

Екипата за итни случаи, повикана од граѓаните, за жал, само ја потврди смртта, а полицијата започна со акцијата „Виор", за пронаоѓање на сторителите.

29.04.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега