Две деца преживеале драма во Скопје
Малолетници биле нападнати во два одвоени случаи во Скопје.
МВР информира дека во првиот случај на 22.04.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.Д.(38) од Скопје пријавил дека на 15.04.2025 околу 13.40 часот на фудбалско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Истиот ден во 10.20 часот во СВР Скопје, А.Ј.(65) од Скопје пријавил дека на 19.04.2025 околу 18.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.В.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
24.04.2025 - 08:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа