Облечете се убаво - Ќе има сонце ама ќе биде смрзнувачка
Времето во Македонија денеска ќе биде ведро ама многу студено. Наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Температурата наутро ќе биде од минус 10 до 0 Целзиусови степени, а во текот на денот од 0 до 13 степени.
Во Скопје, денеска, по ведрото и студено утро, ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 4 степени наутро до 11 во текот на денот.
08.04.2025 - 08:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа