Прегазен пешак во Штип, итно пренесен во болница

 


Вчера во 11.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Штип, патничко возило „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип, удрило во пешакот Ј.Ј.(67) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

12.03.2025 - 11:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега