Несреќа во делчевско Разловци: Трактор излетал од патот, возачот тешко повреден
Вчера околу 16.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во село Разловци, делчевско, К.К. (52) од село Разловци, управувајќи трактор „имт“ на некатегоризиран пат во селото, изгубил контрола и излетал од патот.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Гоце Делчев“ во Делчево, а увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево, известија од полицијата.
03.02.2025 - 15:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа