Бојкотот на маркетите во Хрватска даде резултат - Намалени цените на 250 производи

 

Бојкотот на маркетите во Хрватска поради екстремно високите цени, почна да вродува со плод. Медиумите од регионот пренесуваат дека ланецот маркети Конзум во соработка со домашните добавувачи ги намалуваат редовните цени на 250 производи од хрватските производители.

Ланецот маркети Конзум на својата веб-страница објави дека се работи за „атрактивни производи од хрватски производители кои редовно се наоѓаат во количките на повеќето нивни клиенти“. 

-„Разбираме дека клиентите примарно ги насочија своите грижи за зголемувањето на цените во текот на синџирот на снабдување на малопродажбата, бидејќи тоа е највидливо за нив. Сепак, сигурни сме дека клиентите на Konzum знаат колку пати, покрај тоа што ги поддржуваат сите иницијативи за цени на Владата на Република Хрватска, исто така, самостојно ги намаливме цените и ги заклучивме цените на целиот контингент производи, за да ги намалиме инфлаторните притисоци“, изјави генералниот директор на Конзум, Зоран Митрески.

Инаку, по успешните бојкотирања на маркетите во Хрватска, за денеска и во Македонија е најавен бојкот на маркетите поради високите цени.

- „Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ велат организаторите на бојкотот на социјалните мрежи. 

Освен во Македонија и во БиХ граѓаните најавија бојкот на супермаркетите и продавниците за 31 јануари, а слични повици има и во Црна Гора.

 

31.01.2025 - 09:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега