Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа

 

- На 30.01.2025 во 13.50 часот во СВР Тетово се пријавил Ш.М.(55) од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 31 – годишна снаа од Косово, со регулиран престој во селото, дека во неколку наврати извршил кривично дело „полово вознемирување“ врз неа, казниво по член 190-а став 1 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

31.01.2025 - 13:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега