Со мерцедес дивеел низ улиците пијан и без возачка: 23-годишник им избегал на полицајците
Дебранец со голема брзина, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, со патничко возило „мерцедес“ се движел низ градот.
– На улицата „Есат Мезелџиу“ во Дебар, во 1:30 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар. Тој, претходно, на улица „Јусуф Багери“ во Дебар, управувајќи возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, не застанал на полициската патрола, од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и се дал во бегство, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски извори потврдуваат дека А.Љ. имал 2,52 промили алкохол во крвта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа