Од понеделник нова цена на бензините

 

Од понеделник, Регулаторната Комисија за енергетика треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бензин, ќе се знае откако ќе се направат пресметките. Во последната недела, цената на суровата нафта на светските берзи бележи благ раст, а доларот ја губи вредноста во однос на денарот.
Со последната одлука Регулаторната комисија за енергетика изврши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 %, односно за 0,24 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 2 декември. 

Во моментов на бензинските низ Македонија, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 денари за литар, а еуродизелот се точи за 70 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава за 59 денари а мазутот за 40,733 денари за килограм

27.12.2013 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега