Со реконструираниот граничен премин Блаце со зголемен проток на луѓе и стока

 

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, заедно со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Царинската управа денеска го пушти во употреба реконструираниот граничен премин Блаце. 

- Првата слика која ја добиваме за една земја е граничниот премин, истакна на свеченоста вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Министерката Јанкулоска потенцираше дека за МВР и за граничната полиција важно е што модернизираниот граничен премин ќе има силно влијание и врз зголемување на квалитетот на контрола на секојдневниот прекуграничен проток и е во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и на граѓаните од Косово и другите земји кои го користат или во иднина ќе го користат.

Реконструкцијата беше помогната од Светската банка а се работи за инвестиција од 1,8 милиони евра.

27.12.2013 - 13:35
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега