СДСМ: Креиран е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, се шират несоодветни и лажни содржини

 


СДСМ известува дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче.

„Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини,  повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.

Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале.

Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.

Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“, стои во соопштението од СДСМ.

15.01.2025 - 15:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега