Фрлиле дрога од „Мерцедес“ за да не ги фати полиција, но не успеале
На 17.12.2024 во 22 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и од Полициската станица Охрид од слобода го лишиле Д.Г.(38), а на службен разговор го повикале А.Ф.(32), двајцата од Охрид.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двајцата, при што го забележале Д.Г. како исфрла пакување со прашкаста материја, кое било пронајдено и одземено.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава
18.12.2024 - 22:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа